Шидло: Европа мора да стори повеќе за својата безбедност

Од:

Европа треба да работи повеќе за обезбедување на безбедноста на континентот, кој се соочува со тероризмот, изјави вчера на самитот на ЕУ во Брисел полскиот премиер Беата Шидло.

– Убедени сме дека Европа мора да стори повеќе за безбедноста, како надворешната, така и внатрешната, која се наоѓа под заканата од тероризмот, рече таа.

– Ние сме на ставот дека е дојдено време за поефикасна борба против тероризмот, изјави Шидло.

– Полска е подготвена за јакнење на европската одбранбена политика, рече таа, како и дека оваа политика „треба да одговара на предизвиците кои доаѓаат како од југ, така и од исток.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина