Шестмина украински војници загинаа во судири во источниот дел од земјата

Од:

Шестмина украински војници загинаа, а 18 се повредени во последните 24 часа во судири во источниот дел од земјата, изјави на прес-конференција во Киев портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана, Андриј Лисенко.

Претседателскиот советник Јури Бирјуков напиша на социјалната мрежа Фејсбук дека сепаратистите преземале офанзива кон аеродромот во Доњецк, со цел да ги потиснат владините сили оттаму.

– Бунтовниците утрово нападнаа. Има повредени од наша страна. Се водат тешки судири и ситуацијата е најтешка досега, напишал Бирјуков.

Лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Александар Захарченко ги обвини украинските сили дека употребиле хемиско оружје во престрелките во реонот на доњецкиот аеродром.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје