Шест лица загинаа во тропска бура во Кина

Од:

Шест лица загинаа, а најмалку осум се водат како исчезнати во налетот на тајфунот Непартак, кој прерасна во тропска бура, откако викендов ја погоди континентална Кина.

Економската штета, што ја предизивкало невремето е проценета на 860 милиони јуани, односно 116 милиони евра, јавуваат денеска кинеските медиуми.

За доаѓањето на Непартак, кој тешко го погоди и Тајван, при што загина едно лица, а околу 300 беа повредени, Кина се подготви со евакуирање на околу 230 илјади лица, соопштија властите на источната провинција Фуџијан, која е најмногу погодена.

И покрај брзото намалување на јачината, бурата предизвика поројни дождови во регионот, како што покажуваат фотографиите објавени на социјалните мрежи, на кои се гледаат потоци од каллива вода, возила кој останале заглавени во вода до ниво на ретровизорите и згради опкружени со свлечишта.
Министерството за цивилни прашања објави дека 1.900 куќи и станови се уништени.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он