Во судар на товарeн и патнички воз на влезот од Луксембург се повредени шест лица, јавува дописникот на МИА од Париз.
Според првичните информации, две лица се во потешка здравствена состојба.
Сударот се случил на станицата на нивото Бетембург во општината Зуфтген.
Според луксембуршката железничка компанија, сообраќајот со Франција меѓу Тионвил и Луксембург е во прекин најверојатно до полноќ, а до овие две места ќе сообраќајат автобуси.