Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Од:

По 15 месеци борби и тричасовно доцнење од првично најавеното време за почеток, почна прекинот на огнот во Газа.

Тоа значи дека борбите меѓу Израел и Хамас ќе престанат и израелските заложници што ги држи Хамас ќе бидат ослободени, во фази, во замена за палестинските затвореници кои се држат во израелските затвори.

Еве ги клучните работи што треба да ги знаете:

Прекинот на огнот почна во 11:15 часот по локално време – требаше да започне три часа порано, но Израел рече дека не може да продолжи додека Хамас не го достави списокот со имињата на заложниците што планира да ги ослободи.

Хамас образложи со „технички причини“ за одложувањето, но ги објави имињата на трите лица за кои вели дека ќе бидат првите што ќе бидат ослободени: Дорон Штајнбрехер (31), Емили Дамари (28) и 24-годишната Роми Гонен

По доцнењето утринава, израелските воздушни напади продолжија во Газа, при што според податоците на агенцијата за цивилна одбрана управувана од Хамас, загинаа најмалку 19 луѓе.

Во моментов не е познато како доцнењето утрово ќе влијае на времето за првата размена на израелски заложници и палестински затвореници – што требаше да се одржи во 16:00 часот по локално време (15.00 средноевропско време).

Стотици камиони со помош сега чекаат да преминат во Газа – нивното влегување е услов за договорот за прекин на огнот и е нешто на што хуманитарните работници го бараат со месеци.

И бидејќи стана јасно дека прекинот на огнот ќе стапи на сила денеска, екстремно десничарскиот израелски министер Итамар Бен Гвир поднесе оставка од владата, означувајќи го примирјето како „победа на тероризмот“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски