Шефовите на дипломатиите на АСЕАН загрижени поради напнатоста во Јужното Кинеско Море

Од:

Министрите за надворешни работи на десетте држави од југоисточна Азија, членки на групацијата АСЕАН, по завршувањето на првиот заеднички состанок од како Лаос го презеде претседавањето со АСЕАН, денеска изрaзија загриженост поради зголемувањето на напнатоста во просторите на Јужното Кинеско Море.

Загриженоста на АСЕАН прoизлезе од инсталирањето на воени објекти, изградба на голем аеродром и цивилни населби во просторот на коралните спрудови Спратлеј, кои Кина ги смета за своја суверена територија, а тоа го оспоруваат Виетнам и три други држави од АСЕАН.

Пред започнувањето на состанокот на шефовите на дипломатиите на АСЕАН, во петокот, САД испратија официјално барање до кинескиот претседател Кси Џинпенг да запре со милитаризацијата на Јужното Кинеско Море.

Кина и овој пат, како и порано, не обрнува внимание на ова предупредување. Пекинг единствено се согласува за решавање на споровите околу суверенитетот да преговара билатерално, без мешање на други страни, или меѓународниот Суд за поморско право.

Во последнава деценија Кина стана најзначаен трговски партнер и инвеститор во повеќето држави од АСЕАН.

Можно решавање на дел од суверенитетот над Јужното Кинеско Море аналитичарите очекуваат од самитот Кина – АСЕАН, закажан за мај.

До тогаш, со посредување на Индонезија, се очекуваат и редица билатерални средби на кои Кина и заинтересираните држави ќе се обидат да ги решат споровите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

Отворен самитот на АСЕАН во услови на тензии со Мјанмар

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Град што не постои ќе биде домаќин на Зимските Азиски игри во 2029 година

Азија зафатена од нов бран на Ковид-19

Горан Наумовски