Шефови на дипломатии на пет земји од ЕУ изразија загриженост за правата на сексуалните малцинства во Чеченија

Од:

Информациите за нарушување на правата на претставниците на организациите на лица со нетрадиционална сексуална ориентација во Чеченија предизвикуваат голема загриженост во европските престолнини, соопштија денеска министрите за надворешни работи на пет земји од ЕУ во заедничко писмо до рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесе ТАСС.

Француските медиуми дојдоа до копија од писмото.

Писмото е со датум од 28 април и е потпишано од министрите за надворешни работи на Велика Британија, Холандија, Германија, Франција и Шведска. Во него тие ја повикуваат руската Влада да ги истражи ужасувачките обвиненија за малтретирања и репресии врз лицата со нетрадиционална сексуалност и бараат гарантирање на безбедноста на активистите и новинарите кои се занимаваат со ова прашање.

„Ја повикуваме руската Влада да го искористи своето влијание врз локалните власти во Чеченија и под итно да бидат прекинати сите прогонувања, да им се даде поддршка на жртвите и виновниците да бидат изведени пред суд“, посочуваат петмината министри.

Би можело да ве интересира

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он