Премиерот на Малта, Џозеф Мускат денеска изјави дека неговиот шеф на кабинет Кеит Шембри поднесе оставка поради истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруна Галиција.
Шембри поднел оставка откако полицијата соопштила дека ќе сослушуваат повеќе лица во врска со истрагата на новинарката Галиција.
Мускат изјави дека не му се познати детали за испрашувањето на Шембри во полиција.
– Не знам дали е испрашуван и за што е испрашуван, истакна Мускат.
Шембри беше под притисок да поднесе оставка откако минатата недела беше уапсен бизнисменот Јорген Фенеч, за вмешаност во убиството на новинарката Каруна-Галиција во Валета 2017 година откако под нејзиниот автомобил беше поставен експлозив.
Во 2018 година беше откриено дека Фенеч поседува фирма во Дубаи, додека Шембри и малтешкиот министер за туризам Конард Мизи поседуваат оф-шор компании. Додека „Тајм оф Малта“ објави дека Шембри е поврзан со коруптивни договори.
За убиството на Карун-Галиција досега се осомничени три лица.