Претседателот на Европскиот Совет информираше дека бил во близок контакт со лице позитивно на Ковид-19.
Шарл Мишел денеска требаше да учествува на пленарната седница на Европскиот Парламент во Стразбур каде францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги презентира приоритетите на француското претседателство утринава.
Протоколот предвидува претседателите на Европскиот Совет и на Комисијата да бидат присутни на оваа седница.
Претседателот на Европскиот Совет меѓутоа нема да може да биде дел од инаугурацијата.
„Бев информиран дека сум бил во близок контакт со лице тестирано позитивно. Поради ова нема да можат да учествувам на пленарната седница на Европскиот Парламент во Стразбур“, напиша Мишел на Твитер.
Извор: МИА