Севернокорејскиот сателит не е во функција

Од:

Севернокорејскиот сателит што минатата недела беше ласниран во орбитата, се чини, не функционира , но во орбитата може да остане неколку години, соопштија денеска водечките американски експерти.

Северна Кореја тврди дека сателитот работи, додека американските официјални лица наведуваат дека тој неконтролирано се врти во орбитата. Дури, и доколку е така, неговото успешно лансирање во вселената претставува, како што се оценува, значаен чекор за оваа сиромашна земја и нејзиниот технолошки напредок, посебно во услови на обвинувања дека лансирањето рекатата носач всушност претставува проба на системот што може да се користи за лансирање на ракета со боева глава, чија цел ќе бидат САД.

Податоците добиени со следење на сателитот од Јужна Африка и Велика Британија укажуваат дека сјајот на сателитот е променлив, што значи дека тој се превртува во орбитата. Тоа веројатно значи дека не работи стабилизаторот на сондата, бидејќи предвидено е таа постојано да биде свртена кон Земјата.

И во овие услови сондата продолжува да орбитира и може така да работи неколку години, рече Џонатан МекДовел од Харвард-Смитсониан центарот за астрофизика.

Тој вели дека бидејќи причината за нефункционирање останува нејасна, може да се очекува стручњаци од Северна Кореја да можат да утврдат како тоа да се исправи и како да се поврати контртолата врз сателитот.

-Најверојатното нагаѓање  во овој момент е дека сондата веројатно е расипана, рече мекДовел од Кембриџ, во државата Масачусетс. „Таа продолжува да лета во орбитата. Таа е горе и таму ќе биде со години. Меѓутоа, факт е дека се врти околу себе. Мене ми изгледа дека сателитот не работи“, рече тој.

Севернокорејската државна агенција јавува дека сателитот емитува сигнали на револуционерни песми како што се „Песна за генералот Ким Ил-сунг“, што е посветена на основачот на Северна Кореја и дедо на сегашниот млад лидер.

САД, Јапонија, Јужна Кореја и други земји лансирањето на сателитот го доживеаја како провокација и прекршување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која на земјата и се забранува развој на технологијата на балистички ракети и нуклеарно оружје.

Советот за безбедност по лансирањето соопшти дека итно ќе разгледа „соодветен одговор“.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња