Стотина Севернокорејци кои претходно прегебале во Јужна Кореја, последниве месеци се вратија во својата родна земја, поттиканти од кампањата на Пјонгјанг за враќање на севернокорејските бегалци во нивните домови, објави јужнокорејскиот весник „Дон-А“.
Од завршувањето на Корејската војна во 1953 година во Јужан Кореја побегнале околу 23.500 Севернокорејци, барајќи спас од гладта и репресиите во нивната родна земја. Најголем дел од овие бегалци пристигнале во Јужна Кореја во 90-те години на минатиот век или првата деценија на ова столетие.
Но, последниве години Северот започна кампања со која се повикуваат бегалците да се вратат во татковината, ветувајќи им подобар живот и простување на прекршокот, наведува „Дон-А“.
„Се врати дури и една жена која побегнала во 1994 година и е мажена за Јужнокореец“, вели поранешниот јужнокорејски пратеник Парк Сунг-јонг во изјава за весникот.
Според Парк, на оние кои би се вратиле, севернокорејските власти им ветуваат стан и работа во Пјонгјанг, каде условите за живот се подобри отколку во другите делови на Северна Кореја.
Во реакција на тврдењата на „Дон-А“, јужнокорејското Министерство за национално обединување наведува дека има случаи на Севернокорејци кои се вратиле во родната земја, но дека нивниот број е „многу помал од 100“.