Откако Владата на Северна Кореја објави фотографија на Ким Јонг-ун на отворањето на детска болница во Пјонгјанг, социјалните мрежи едноставно полудеа за најновиот Фотошоп фајл.
Сите државни медиуми ја пренесоа фотографијата која очигледно е резултат на лошо работење со популарната програма за обработка на фотографии.
На многумина внимание им привлече непростливиот аматеризам на човекот кој очигледно одлучил да ги занемари изворите на светлина и сенките, а сите на фотографијата делуваат лошо вметнати на позадината. Откако фотографијата ја зумираа беше уште појасно дека станува збор за монтажа.
Шегобијците од Јапонија веднаш ја објавија својата верзија на фотографијата.