Севернокорејското министерство за надворешни работи соопшти дека воведувањето санкции од САД против Северна Кореја е контрапродуктивно и нема да предизвика слабеење на земјата.
„Политиката на САД е насочена кон притисок и кон неосновано ширење негативни чувства кон Северна Кореја, а притоа само ја јакне нејзината решителност да го штити сопствениот суверенитет и достоинството на нацијата“, стои во соопштението.
Американската администрација воведе санкции за три организации, меѓу кои и воената разузнавачка агенција, и за десет државјани поврзани со трговија на оружје.