Северна Кореја се закани дека ќе ја прекине последната воена врска во комуникациите со Јужна Кореја

Од:

Северна Кореја соопшти дека има намера да ја прекине директната воена телефонска линија со Јужна Кореја, бидејќи „секој момент може да избувне војна“, соопштија светските агенции.

– Во ситуација кога секој момент може да избувне војна, нема потреба да се поддржуваат воените комуникации меѓу Северот и Југот, што беа воведени меѓу армиите на двете земји, изјави воениот портпарол, цитиран од севернокорејските медиуми.

-Нема никаков канал за дијалог и средства за комуникација меѓу Северна Кореја и САД и меѓу Северот и Југот, изјави тој.

Воената телефонска линија е поврзана со индустрискиот реон Кесон, на југот на Северна Кореја. Преку неа Северна Кореја на јужнокорејските работници им дава одобрение да влизат во објектот. Комплексот е заеднички проект на Северна и Јужна Кореја и во него работат граѓани на двете земји.

Оваа телефонска врска е последниот канал за комуникација меѓу Северот и Југот, откако Пјонгјанг ги прекина контактите на „жешката линија“ на Црвениот крст, употребувана од владите на двете држави, и ја запре комуникацијата преку „црвениот телефон“ со американските сили, кои ја контролираат демилитаризираната зона.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња