Северна Кореја постави ракетен систем со среден дострел на својот источен брег

Од:

Северна Кореја постави ракетен систем со среден дострел на своето источно крајбрежје, соопштија јужнокорејските медиуми.

– Разузнавачките служби на САД и Јужна Кореја имаат информации за предислоцирање на ракета со среден дострел на брегот на Јапонско Море, изјавија владини извори во Сеул.

Засега не е познато дали балистичката ракета е поставена од безбедносни причини и дали Пјонгјанг планира да ја истрела, или тоа е едноставно демонстрација на сила од страна на оваа земја.

Севернокорејските ракети од типот „Мусудан“ имаат достреел од над 3.000 километри, што и овозможува на Северна Кореја да достигне цели на територијата на Јужна Кореја и на Јапонија. Не е исклучено тие да можат да достигнат и до тихоокеанскиот остров Гуам, кој е под контрола на САД.

Според јужнокорејски воени експерти, Пјонгјанг се уште не извршил проба на вакви ракети.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња