Северна Кореја не доволи влез на јужнокорејски бизнисмени во граничниот индустриски комплекс Кесон. Јужнокорејците побарале да остават во Кесон храна за персоналот и да го надгледуваат производството.
Властите на Северна Кореја не издадоа одобрение за преминување на границата на десет шефови на персоналот во Кесон, соопшти јужнокорејското Министерство за обединување на Кореја.
Сега бизнисмените се наоѓаат на контролниот пункт во Паџу, во западниот сектор на границата меѓу двете Кореи.
Сеул ја толкува реакцијата на Пјонгјанг како знак дека Северот нема намера да ја укине забраната наложена на 3 април Јужнокорејци да ја посетуваат индустриската зона Кесон.
Во моментот во Кесон има 209 лица јужнокорејски персонал, од кои тројца планираат денеска да се вратат дома.