Командантот на американските воени сили на корејскиот полуостров, Куртис Скапароти верува дека Пјонгјанг развива минијатурно нуклеарно оружје.
Тој истакна дека има сознанија дека Северна Кореја има совршена технологија за изработка на нуклеарно оружје и дека е во состојба да произведе поинакво од стандардното, кое е пакувано во ракети со големи димензии.
-Со таквата технологија и времето кое го имаат на располагање за негово производство, тие сигурно во наредниот период ќе успеат да произведат оружје, кое може да го изненади целиот свет – наведе Скапароти.
Како што наведе „Вашингтон пост“, Северна Кореја со години работи на производство на функционални ракети, формирање на лансирни станици и составување на боеви глави, а како што смета Скапароти се наоѓа на добар пат да успее во сите три задачи.
Американскиот државен секретар, Џон Кери изјави дека е рано да се размислува за намалување на бројот на американските војници кои се стационирани во Јужна Кореја, а кои ја набљудуваат состојбата во Северна Кореја.
Е. Г.