Северна Кореја денеска објави дека може да изведе пробно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета во било кој момент и од било која локација што ќе ја одреди лидерот Ким Џонг-ун.
Севернокорејската државна агенција КЦНА го цитира тврдењето на неименуван портпарол на Министерството за надворешни работи дека непријателската политика на САД е виновна за развојот на вооружувањето на Пјонгјанг, пренесуваат британските медиуми.
Британските медиуми потсетуваат дека Ким Џонг-ун на 1 јануари изјави дека неговата земја, со веќе утврден нуклеарен потенцијал, е блиску до пробно тестирање на интерконтинентална балистичка ракета.
-Интерконтиненталната балистичка ракета ќе биде лансирана во било кој момент и од каде тоа го одреди врховниот Генералштаб на Демократска народна република Кореја, наведе неименуваниот портпарол.