Северна Кореја лансираше две балистички ракети, со краток домет во Јапонското море, пренесуваат јужнокорејските медиуми.
Според информациите од медиумите станува збор за ракети од видот „Скуд“, со домет од 500 до 600 километри, кои се лансирани од источниот брег на Корејскиот полуостров, во близина на севернокорејскиот град Вонсан.
Јапонија веќе упати протест до Северна Кореја и работи на прибирање информации поврзани со овој инцидент.
Е. Г.