Северна Кореја ќе продолжи со експлоатација на нуклеарниот реактор во Јонгбјон

Од:

Северна Кореја планира да продолжи со експлоатација на нуклеарниот реактор во Јонгбјон, исклучен во 2007 година, соопшти државната севернокорејска агенција.

Северна Кореја се прогласи за нуклеарна држава во 2005 година, а во 2006, 2009 и 2012 година изврши подземни нуклеарни проби што предизвикаа остри реакции на меѓународната заедница.

Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуции кои бараат од Пјонгјанг да ги прекине своите нуклеарни активности.

Во 2010 година Северна Кореја официјално потврди дека ја проширува својата нуклеарна програма, објавувајќи информации за неколку илјади активни центрифуги во институтот за збогатување ураниум во Јонгбјон. Инспекторите од МААЕ ги набљудуваа активностите во Јонгбјон до април 2009 година кога Северна Кореја ја прекина соработката со агенцијата и ги  протера нејзините експерти.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња