Властите во Северна Кореја денеска соопштија дека се одложува на неодредено време планираната средба на семејствата кои биле раздвоени за време на Корејската војна, а која требаше да започне следната недела.
Ваквата одлука на Пјонгјанг е поради тоа што, според него, конзервативните сили на Јужна Кореја го користат тоа за јакнење на конфронтациите.
Шестдневните средби требаа да започнат в среда во Маунт Кумганг, северно од милитаризираната граница, а се сметаа за важен елемент во затоплувањето на односите меѓу Северна и Јужна Кореја, кои беа во војна од 1950 до 1953 година.
– Средбите на раздвоените семејства и роднини ќе бидат одложени се додека не се создаде нормална артмосфера во која ќе бидат можни преговори, соопшти северкорејскиот Комитет кој е одговорен за односите со Сеул.