Северна Кореја денеска истрела три балистички ракети со мал досег од своето источно крајбрежје во Јапонско Море, пренесоа јужнокорејските медиуми.
Според податоците на Министерството за одбрана на Јужна Кореја две истрелувања биле регистрирани утрината, а уште едно попладнето по локално време.
Не се прецизира за какви точно ракети станува збор. Сеул наведува дека јужнокорејските сили внимателно ги следат активностите на Северна Кореја и се во состојба на зголемена борбена готовност.