Северна Кореја информира за првиот случај со коронавирус

Од:

Северна Кореја официјално информираше за прв случај на коронавирус, објавија денеска државни медиуми, јави ДПА.

Тестирањето на жители на Пјонгјанг покажа инфекција со варијантата омикрон.

Точен број на лица чиј тест е позитивен на коронавирус, не е соопштен.

Владејачката Работничка партија одлучи да го префрли нивото на вонредна состојба на пандемијата, на неговото „максимално“ ниво „и строго да ја контролира и командува севкупната работа за превенција на епидемијата во земјата“, пишуваат медиумите.

Досега, земјата не достави податоци за ниту една коронавирусна инфекција до Светската здравствена организација во Женева.

На состанок на централниот комитет на Работничката партија, лидерот Ким Џонг Ун притисна официјални лица да ја совладаат, како што тој ја нарече, „неочекуваната криза“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он