Северна Кореја и предложи на Русија да ја разгледа можноста за евакуација на својата Амбасада во Пјонгјан поради се поголемите тензии на Корејскиот Полуостров, изјавија денеска руски дипломати.
– Претставник на севернокорејското Министерство за надворешни работи предложи денеска Русија да ја разгледа можноста за евакуација на персоналот од Руската амбасада, изјави портпаролот на Амбасадата.
Според него Амбасадата продолжува со вообичаената работа и додаде дека ист таков предлог е упатен и за други дипломатски претставништва во Северна Кореја.