Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун апелираше до војската на својата земја да се подготови за војна со САД и нивните сојузници, јавуваат денеска севернокорејските медиуми.
– Ситуацијата во која големата војна за националното обединување е неизбежна налага сите единици на Корејската народна армија да станат единици на елитната Гарда целосно подготвени за војна, политичка и идеолошка, во воената техника и материјалот, порача Ким.
Јужна Кореја и САД вчера спроведоа заедничка поморска воена вежба.