Северна Кореја го одложи најавеното лансирање на ракета до 29 декември

Од:

Северна Кореја денеска објави дека го продолжува периодот за најавеното лансирање на рекета до 29 декември поради технички проблеми, се наведува во соопштение на вселенската агенција на земјата.

Првично беше соопштено дека ракетата ќе биде лансирана меѓу 10 и 22 декември.

Северна Кореја на 1 декември објави дека ќе лансира ракета, со која ќе изведе во вселената сателит за истражувачки, научни цели.

Оваа одлука наиде на остри критики од голем број земји во регионот и САД, според кои тоа претставува прикриено тестирање на ракета со голем дострел, што е кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња