Северна Кореја го маскира влезот во подземен тунел за да го оневозможи сателитското снимање на нуклеарниот полигон

Од:

Северна Кореја го маскира влезот на подземниот тунел во североисточниот реон на земјата за да го осуети сателитското набљудување од страна на државите кои се обидуваат да го дознаат датумот на следната нуклеарна проба, најавена од Пјонгјанг, пишува денеска јужнокорејскиот печат.

Сателитските снимки покажуваат дека на влезот на тунелот е поставена „мрежа за камуфлажа“, изјави извор од владата во Сеул, кој посака да остане анонимен.

Со тоа веројатно се има за цел „речиси завршените подготовки за нуклеарната проба да не бидат следени однадвор“, додава анонимниот извор од Сеул.

Полигонот во североисточниот дел на Северна Кореја, каде Пјонгјанг во подземен тунел веќе изврши две нуклеарни проби, во 2006 и 2009 година, е набљудуван преку сателити од САД, Јужна Кореја и Јапонија.

Минатата недела Северна Кореја, без да посочи датум, соопшти дека планира да изврши нов нуклеарен тест во знак на предизвик кон САД, нејзиниот „”заколнат непријател“, и како одговор на гласањето пред тоа во ОН за проширување на санкциите против земјата.

Според извор од тајните служби во Сеул, цитиран од агенциите, Пјонгјанг го маскира влезот на тунелот „за да ги измеша картите“ што е „тактика која ја примени и при истрелувањето на ракетата минатиот декември“ , со што повторно ги прекрши санкциите на ОН.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња