Северна Кореја ги поништи спогодбите за ненапаѓање на Јужна Кореја

Од:

Северна Кореја соопшти дека ги поништува спогодбите за ненапаѓање на Јужна Кореја и оти ќе ја прекине телефонската линија за вонредна врска меѓу двете земји. Ова се случи неколку часа, откако Советот за безбедност на Обединетите нации гласаше за нови санкции против Пјонгјанг.

Северна Кореја ги поништи сите спогодби за ненапаѓање меѓу Северот и Југот, соопшти Комитетот за мирно обединување на Кореја во соопштението, објавено од државните медиуми.

Јужна Кореја напомена дека Северна Кореја досега два пати ја прекинувала итната телефонска линија.

Главниот договор за ненапаѓање беше потпишан во 1991 година. Тој ги обврзуваше двете земји да ги решат своите спорови по мирен пат и да избегнат воени конфронтации.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња