Северна Кореја симна две ракети од лансирните рампи во воениот полигон што се наоѓа на источниот брег на земјата, соопштија американски официјални претставници.
Според САД, ракетите не се преместени на алтернативен полигон и засега нема закана тие да бидат истрелани.
Поставувањето на ракетите во позиција за лансирање веќе неколу недели предизвикува тензии, при што Пјонгјанг и се закануваше на Јужна Кореја дека ќе ја „прекрие со пламените на пеколот“.