Северна Кореја денеска ги отфрли обвиненијата дека стои зад кибер нападот врз компанијата „Сони Пикчрс“, откако ФБИ ја обвини дека е одговорна за хакерскиот напад.
– Нашата земја нема никаква врска со хакерскиот напад, изјави во Њујорк политичкиот советник на Северна Кореја во ОН Ким Сон.
Претходно ФБИ објави дека располага со доволно докази дека Северна Кореја е одговорна за тие дејствија.