Маж од Северна Кореја е осуден на смрт поради тоа што ги убил своите две деца за да обезбеди храна за себе, пренесе Дејли Мејл.
Настанот се случил додека неговата сопруга била на пат. Тој најпрво ја убил постарата ќерка, а потоа и синот кој бил сведок на убиството на неговата сестра.
Во Северна Кореја, расте стравот од глад во некои провинции во земјата, кои изминатите години беа погодени од големи суши, а залихите со храна кои ги имаа на своите фарми им беа запленети од страна на властите.
И додека населението се бори да преживее, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, троши енормни средства за да лансира ракети во вселената и се заканува со нови нуклеарни проби.