Северна Кореја е подготвена да го прифати советот на Кина и да почне преговори за намалување на тензиите на Корејскиот Полуосторв, изјави во Пекинг севернокорејскиот специјален претставник на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун, Чое Рионг-хае.
Севернокорејскиот претставник Чое денеска се сретна со Лиу Јуншан, член на Постојаниот комитет на Политбирото, највисоко тело на кинеската Комунистичка партија.
Чое на средбата истакнал дека го испратил Ким „да ги унапреди, консоплирида и да ги развива меѓусебните односи“.
Но, се уште не е јасно дали Чое мисли на прекинатите шестстрани преговори за севернокорејската нуклеарна програма.
Лиу на средбата посочил дека Кина се надева дека сите заинтересирани страни ќе работаат на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, на решавање на проблемите по пат на дијалог и за брзо отпочнување на шестостраните преговори.
Се уште не е познато дали Ќое ќе се сретне со кинескиот претседател Сји Џинпинг.