Северна Кореја укинува некои од ограничувањата за странците, па од почетокот на годинава, дозволува тие да може да ги задржат своите мобилни телефони и опремата за нив, при влегувањето во земјата.
Странците сега може да ги задржат „мобилките“ и да го користат на територијата на Северна Кореја, но и натаму не ќе може да комуницираат со севернокорејците кои имаат мобилни телефони. За странците се обезбедени посебна мрежа и посебни СИМ картички што тие може да ги купуваат во Пјонгјанг и да ги користат за време на престојот, зборувајќи со странство, со амбасадите во главниот град на државата и со хотелите во кои престјуваат само странски гости.
Досега беше забрането странците да ги внесуваат своите мобилни телефини, при влезот во оваа земја, па тие мораше или да патуваат без нив, или да ги остават на граничните премени, најчесто на аеродромот во Пјонгјанг.
Странските гости не можеа да разговараат со било кого, во земјата и во светот, додека престојуваа во Северна Кореја, а долгата и мачна постапка на гранците, при предавањето на мобилните телефони, беше остро осудувана од светот.
Сега странците можат дури и да изнајмуваат мобилни телефони и опрема за нив, преку севернокорејскиот провајдер Кориолинк, за кого се вели дека располага со модерна 3Г мрежа.
Со ублажување на безбедносните мерки, севернокорејците може да имаат мобилен телефон, доколку може да го набават и со него да комуницираат и во странство, разговарајќи со Јапонија, па дури и со САД, но не може и понатаму да телефонираат во Јужна Кореја. Севернокорејците и понатаму немаат пристап и до интернетот