Северна Кореја демантира дека Ким Џонг-ун ја убил својата љубовница

Од:

Северна Кореја остро ги отфрли информациите дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун наредил да се ликвидира неговата љубовница, со цел да го заштити достоинството на својата сопруга.

Во демантите на Пјонгјанг, објавени преку држаните медиуми, се вели дека ваквите „подли и злобни“ обвинувања го навредуваат достоинството на Ким Џонг-ун, на неговата сопруга и на државата. За ваквите тврдења, севернокорејските власти ги обвнуваат, како што велат, „психопатските манијаци“ во Владата во Сеул и јужнокорејските медиуми.

– Ова е непоправлива провокација и оние кои ја направија ќе платат висока цена, се вели во реакцијата на Северна Кореја за обвинувањата кон нејзниот лидер.

Според медиумите во Сеул, севернокорејската пејачка Хион Сонг-Вол со која Ким Џонг-ун е во „романтична врска“ веќе десет години, се наоѓа меѓу дестината пејачи и музичари од Северна Кореја кои се егзекутирани на 20 август оваа година.

Тие се обвинети дека учествувале во производството на „порнографски видео снимки“, но јужнокорејските медиуми тврдат дека уметниците се ликвидирани, откако биле прислушувани нивните телефонски разговори во кои ја критикуваат власта.

Сопругата на севернокорејскиот лидер била член на музичката група чии членови сега, наводно, се егзекутирани, пред да се омажи за Ким Џонг-ун, во јуни минатата година.

Токискиот весник „Асахи“ во меѓувреме го потврдува пишувањето на весниците во Сеул, повикувајќи се на изјава на еден „висок севернокорејски функционер“ кој побегнал во Јужна Креја.

Тој објаснил дека гневните власти во Пјонгјанг на егзекуцијата на музичарите и пејачите ги повикале да присуствуваат и членовите на нивните семејства. Егзекуцијата била извршена на еден воен полигон во близината на севернокорејскиот главен град.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња