Сеул вети жесток одговор на провокациите на Пјонгјанг

Од:

Јужна Кореја денеска најави дека “жестоко ќе одговори” на провокациите на Северна Кореја и тоа со поддршка на САД, кои денеска испратија борбени авиони “Ф-22” во рамките на заедничките воени вежби.

Претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун Хи денеска разговараше со претставници на Министерството за одбрана.

– Мислам дека треба енергично и веднаш да одговориме без политичко преговарање, ако Северна Кореја го провоцира нашиот народ, рече претседателката.

Американската армија во Јужна Кореја, за заедничките воени вежби испрати стелт борбени авиони “Ф-22”, кои, како што оценува весникот Вол Стрит Џурнал, би требало да го истакне зголемениот воен капацитет, за да се одврати Пјонгјанг од провокација.

Северна Кореја соопшти во саботата, дека се наоѓа во “воена состојба” со Јужна Кореја, што е последна од серијата на воинствени изјави кои ги лансира младиот лидер во Пјонгјанг, Ким Џонг Ун.

Соопштението за новиот степен на ескалација на воената реторика заеднички објавија севернокорејската Влада,водечката работничка партија и други организации.

– Сите трансакции со Јужна Кореја ќе бидат спроведени во согласност со воените закони, а на секоја провокација ќе биде одговорено со воена сила, без предупредување – се вели во соопштението.

Корејската војна која се водеше од 1950 до 1953 година, беше завршена со примирје, а не со мировен договор, што го остави Корејскиот полуостров технички и понатаму во состојба на војна. Северна Кореја во почетокот на март соопшти дека ќе го поништи прекинот на огнот од 1953, со кој беше ставен крај на Корејската војна.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња