Северна Кореја се подготвува да изведе голема воена вежба долж брегот на Жолтото Море, јавуваат денеска јужнокорејските медиуми.
„Постојат знаци дека комунистичката земја би можела да изведе воена вежба околу пристанишниот град Нампо, со користење на авиони и артилериски единици на копно“, наведе извор од јужнокорејската влада, повикувајќи се на безбедносни податоци, пренесува Танјуг.
„Не е можно да се утврди кога вежбите ќе почна, но постои индиција дека Северна Кореја може да се одлучи да употреби ракети со краток дострел, како дел од својата демонстрација на сила“, истакна изворот.