Во следните неколку денови Северна Кореја може да изврши нови провокации, вклучувајќи пробно истрелување на пакета, изјави денеска претставник на претседателската адмминистрација во Јужна Кореја.
Официјален Сеул го споменува 10 април, откако Пјонгјанг го посочи овој датум како краен рок странските дипломатски мисии во северна Кореја да започнат со повлекување на персоналот од своите амбасади.
– Внимателно се подготвуваме за тоа, без да исклучуваме ниту една варијанта. Засега нема знаци за војна, но Северот треба да знае дека ќе бидат преземени соодветни мерки во случај на било каков локален конфликт, истакна денеска Ким Чан-су, началник на управата за национална безбедност во администрацијата на јужнокорејската претседателка Парк Геун-Хе.
Според него, сите досегашни закани на Пјонгјанг имаат за цел да ја натераат лидерката на Јужна Кореја „да ја смени острата политика кон Северна Кореја поради зголемените опасности по безбедноста на Јужнокорејците“.