Сеул: Северна Кореја планира нови нуклеарни проби

Од:

Јужокорејските власти денеска соопштија дека  забележале засилена активност на севернокорејскиот полигон за нуклеарни проби, на само три дена пред посетата на американскиот претседател Барак Обама на Сеул.

Како што јави Би-Би-Си, портпарол на јужнокорејското Министерство  за одбрана изјави дека војската на неговата земја „во моментов регистрира активности во и околу полигонот за нуклеарни проби Пунгје-ри“, што укажува на тоа дека е можно Пјонгјанг да планира ненајавена нуклеарна проба или само „глуми“ дека спроведува нуклеарни тестирања.

Официјален Пјонгјанг досега изведе три нуклеарни проби, од кои последната беше во февруари 2013 година, што предизвика повеќемесечни остри тензии меѓу Северот и Југот од корејскиот Полуостров.

Највисоките воени претставници на Јужна Кореја синоќа формираа специјална комисија за следење на ситуацијата, наведе портпаролот.

Севернокорејските власти минатиот месец се заканија дека ќе извршат „нов вид“ нуклеарно тестирање, не наведувајќи повеќе детали.

Се верува дека, сепак,  Пјонгјанг се уште не успеал да развие нуклеарна боева глава што би била доволно мала да може да се транспортира со проектили.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он