Јужнокорејски пратеници денеска објавија дека според информации добиени од разузнавачките служби, соседна Северна Кореја повторно го активирала плутониумскиот реактор во својот главен нуклеарен објект.
Пјонгјанг во април годинава најави активирање на реакторот. Иако официјална потврда за тоа досега нема, сателитските снимки на јужнокорејските разузнавачки служби наведуваат на заклучок дека нуклеарната постројка повторно работи.
Јужнокорејската Национална разузнавачка служба денеска ги претстави своите сознанија пред парламентарeн одбор, без да неведе како се обезбедени овие информации.