Министерството за одбрана на Република Кореја изработи план за „активна заштита“, што дава дозвола на вооружените сили да нанесат брзи удари врз Демократска Народна Република Кореја при откривање на знаци за неминовен нуклеарен напад врз Јужна од Северна Кореја.
Новиот план за дејствување на армијата во вонредни околности беше изложен денеска од министерот за одбрана Ким Кхуан-џин пред претседателот Парк Гун-хе.
– Вооружените сили на Република Кореја разработуваат механизми за активна претпазливост и создаваат ударен систем за брзо неутрализирање на севернокорејската нуклеарна закана, истакна министерот.
Јужнокојреското Министерство за одбрана има за цел значително забрзување на развојот на систем за откривање и уништување на ракетни и нуклеарни објекти на територија на КНДР. Првично распоредување на ваков систем армијата планираше за 2015 година, но поради зголемените тензии на Корејскиот полуостров, јужнокорејското министерство планира да го забрза овој процес.
Конечно одобрување на планот треба да биде направено на претстојната средба на министрите за одбрана на САД и Јужна Кореја во октомври за безбедносни прашања.