Сеул понуди нови преговори за доверба со Пјонгјанг

Од:

Кабинетот на претседателот на Јужна Кореја денеска соопшти дека се испратени дипломатски сигнали до Северна Кореја во кои се инсистира за почеток на преговори за контрола на вооружувањето и зголемување на довербата меѓу двете држави на поделениот Корејски полуостров.

Јужна Коеја не очекува дека северот веднаш ќе ги прифати предлозите за почеток на преговорите  кои би го отвориле просторот за  помирување, но смета дека треба да се создаваат услови за ситуацијата во односите да биде зрела за почеток на вистинска контрола на оружјето и мирно решавање на спороите.

Во Сеул сметаат дека прв добар чекор кон подобро разбирање и комуникација може да биде објективен извештај за потонувањена јужнокорејанскиот воен брод „Чеонан’’ потопен во 2010 година, кога загинаа и 48 морнари. До сега Пјонгјанг одбива дека има поврзаност со потопувањето на воениот брод, иако истрагата покажала дека тој бил потопоен по напад со артилериски орудија.

Сеул навести дека ужна Кореја ќе дозволи нови  инвестиции во индустриската област Каесонг, која се наоѓа на крајниот југ на Северна кореја. Властите во Сеул најавија укинување на дел од одлуките за забранета трговија меѓу двете Кореји, а прво би се ослободила трговијата со прехранбени производи и производи од лесната индустрија.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он