Претседателката на Јужна Кореја Парк Геун-хе, на денешната прес-конференција, пренесувана на државната телевизија, изјави дека е подготвена да разговара со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун без какви и да се предуслови, пренесува Танјуг.
– Ставањето крај на севернокорејската нуклеарна програма би требало да биде важна тема на мировните преговори на Корејскиот Полуостров, но не е предуслов за средбата, изјави Парк.
– Јас сум подготвена да разговарам со секого за да се ублажи болката од поделбата и да се постигне мирно обединување. Тоа е од помош и јас сум подготвена да разговарам со Пјонгјонг. Нема предуслови, изјави претседателката.
Нема показатели за каков било конкретен план за средба на лидерите на соседите на Полуостровот. Претседателите на Јужна и Северна Кореја имале само две средби од кога е поделен Полуостровот на крајот на Втората светска војна.
Двете земји и натаму технички се во војна, затоа што Корејската војна (1950-1953) заврши само со примирје, а мировен договор никогаш не е потпишан.