Сеул: Пјонгјанг може ненајавено да лансира ракета со голем дострел

Од:

Северна Кореја наскоро би можела ненајавено да лансира ракета со голем дострел, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за одбрана,

– Многу е веројатно дека Северна Кореја ненајавено ќе изврши ваков провокативен потег, изјави портпаролот на Министерството, Ким Мин-сеок.

Претходно, како што јави ТАСС, јапонските власти соопштија дека „најдоцна за една недела“ Северна Кореја ќе изврши тестирање на ракета со голем дострел.

Според истиот извор, ваквиот заклучок е изведен врз основа на анализата на сателитските снимки на активностите во ракетниот центар Донгчанг-ри, што се наоѓа во северозападниот дел на Северна Кореја.

Портпаролот на јужнокорејското Министертсво за одбрана, ниту ги потврди, ниту ги негираше ваквите јапонски тврдења, нагласувајќи дека Армијата на Јужна Кореја внимателно ги следи случувањата во Донгчанг-ри.

Според Ким, како што јави Јонхап, засега е неизвесно тестирањето на севернокорејската ракета со голем дострел, бидејќи властите во Пјонгјанг се уште не прогласиле зона забранета за пловење, што е неопходна мерка пред лансирање на ваквиот тип ракети.

– Прогласувањето зона забранета за пловење е задолжително според меѓународното право, бидејќи проектилите или ракетите со голем дострел би можеле да достигнат до источниот брег на Филипините, истакна Ким.

Најавите за лансирање на севернокорејска ракета со голем дострел доаѓаат во време кога во Советот за безбедност на ОН се расправа за можно воведување на дополнителни санкции кон Северна Кореја, по извршената нуклеарна проба на 6 јануари за која Пјонгјанг тврди дека било експлозија на мала хидрогенска бомба.

– Ако Северна Кореја евентулано тестира ракета со голем дострел, тоа ќе претставува кршење на разолуциите на Советот за безбедност на ОН и Јужна Кореја заедно со САД ќе одговори на таквите активности, нагласи Ким.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња