Сеул од Северна Кореја бара конкретни дела, а не само убави зборови

Од:

Јужна Кореја денеска им се придружи на инсистирањата на САД кон Севера Кореја за преземање „конкретни чекори“ во откажувањето од нуклеарната програма, доколку навистина сака да излезе од меѓународна изолација, пренесе Танјуг.

Барањето на Југот следеше еден ден откако Пјонгјанг се обиде да го прескокне Сеул, предлагајќи директни разговори со Вашингтон.

Овој чекор аналитичарите го толкуваат како настојување на Пјонгјанг да предизвика раздор меѓу САД и нејзиниот сојузник Јужна Кореја, откако минатата недела беа откажани разговорите Север -Југ заради спорот околу протоколот.

Одговорот на Вашингтон беше дека на Северот нема да му биде дозволено со „приказни“’ да се ослободи од санкциите, тукуќе мора да понуди конкретни докази дека е подготвен да ја напушти нуклеарната програма.

– Ќе ги цениме по делата, а не по убавите зборови кои ги слушаме, уште вчера кажа претставникот на Белата куќа, Денис МекДоног.

Министерството за обединување во Сеул, кое е задолжено за меѓукорејските односи, јасно стави до знаење дека Јужна Кореја и САД се на иста бранова должина.

– Сакам да го објаснам нашиот став, повторувајќи го коментарот на Белата куќа дека вратата за дијалог е отворена, но Северот треба да преземе прво конкретни чекори”, рече претставникот на министерството Ким Хјунг Сеок.

Јужнокорејската претседателка Геун Хе денеска телефонски разговараше за Северна Кореја со американскиот претседател Барак Обама, соопшти нејзиниот претставник, а пренесоа француските медиуми.

Во текот на 20-минутниот разговор Обама ја запознал со неодамнешните разговори со кинескиот претседател Сји Џинпин и нивниот договор за заедничко делување на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња