Сеул му се закани на Пјонгјанг со „беспоштедна одмазда“ при нова провокација

Од:

Република Кореја и се закани на Северна Кореја со „беспоштедна одмезда“ во случај на нови провокации од Северот, пренесе ТАСС, цитирајќи го јужнокорејското Министерство за национална одбрана.

Сеул ќе изведе беспоштедни напади како одговор на секој напад од страна на Северна Кореја и одговорноста за овие активности ќе биде на Пјонгјанг, се наведува во соопштението на министерство. Тоа, исто така, информира дека на севернокорејскиот Генералштаб му испратило телеграма со иста содржина, со која побарало „прекин на неразумните активности“.

Министерот за национална одбрана генерал Хан Минку претходно на армијата и нареди „ да даде решителен отпор“ на секоја провокација од страна на Северот.

Сериозното заострување на ситуацијата на Корејскиот полуостров настапи вчера, откако Северна и Јужна Кореја си разменија артилериски оган во западниот дел на демилитаризираната зона.

Северна Кореја вчера упати 48-часовен ултиматум за запирање на пропагандната кампања со мегафони, разместени во демилитаризираната зона.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун наредил денеска до 17 часот по локално време војската да се доведе во состојба на  целосна борбена готовност, пренесе ТАСС.

Република Кореја  ќе продолжи го кампањата независно од заканите на Северна Кореја, пред новинарите изјави претставник на јунокорејското Министерство за одбрана, пренесе ТАСС.

Во секретаријатот на ОН со голема загриженост се следи ситуацијата на Корејскиот полуостров по вчерашната артилериска престрелка меѓу Северна и Јужна Кореја, изјави Ери Канеко, претставничка на канцеларијата на генералниот секретар на ОН, додаде ТАСС.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он