Сеул му предложи на Пјонгјанг официјални разговори за судбината на индустрискиот комплекс Кесон, каде од 3 април и е забранет пристап на Јужна Кореја, изјави јужнокорејскиот министер за национално обединување, Ру Кил-јае.
Доколку Северна Кореја не се согласи Сеул предупреди на сериозни мерки, без да навлегува во детали.
Комплексот е сместен на севернокорејска територија, на десетина километри од линијата на разделување меѓу двете земји. Тој беше сметан за симбол на корејската соработка.
Во комплексот работат 53 илјади Севернокорејци, кои по зајакнување на тензиите се повлекоа одтаму.
Околу 180 јужнокорејски работници останаа во зоната, но повеќе немаат вода и други неопходно намирници.