Сеул: Ким Џонг-ун планира „чистка“ во раководството на Северна Кореја

Од:

Севернокорејскиот лидер Кмм Џонг-ун на Конгресот на владејачката Работничка партија на Кореја, што ќе се одржи во мај идната година, планира да изврши промени во државното и партиското реководство на Северна Кореја, се наведува во анализата на јужнокорејскиот владин Институт за национално обединување.

Како што јави агенцијата Јонхап, во анлизата објавена денеска, се наведува и дека на Конгресот на владејачката севернокорејска партија, прв по 1980 година, најверојатно ќе бидат разрешени функционерите од „втората генерација“, меѓу кои и партискиот секретар Чое Рјонг-хае, со што ќе се создаде можност за доаѓање на власт на полиитчари од „третата и четвртата револуционерна генерација“.

– Чое, беше еден од најблиските соработници на Ким, но постојат сознанија дека тој по казна е деградиран и испратен на превоспитување од засега нејасни причини, се наведува во анализата.

Институтот проценува дека над 3.000-те делегати што ќе присуствуваат на партискиот Конгрес ќе изберат нови лица во раководставото, што може да донесе и промена во политиката на Пјонгјанг.  

– Конгресот ќе донесе нов состав на администрацијата на Ким Џонг-ум, Тоа всушност е и главна причина поради која Ким Џонг-ум реши да свика Конгрес во 1996 година, сметаат авторите на документот.

Институтот очекува во рамки на претсојните промени, во своето новогодишно обраќање Ким да „и понуди маслиново гранче“ на Јужна Кореја.

Во анализата на Институтот се посочува и дека во текот на 2016 година Северна Кореја најверојатно нема да ги возбонови нуклеарните проби, со што ќе се зголемат шансите за напредок во шестостраните преговори за севернокорејската нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња