Јужна Кореја и САД изразија сомнежи дека Пјонгјанг има потенцијали за лансирање на балистичка ракета со нуклеарна боева глава.
Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека и пократј тоа што Северна Кореја изврши три нуклеарни проби, остава сомнежи дали успеала да произведе доволно мала и лесна нуклеарна боева глава, што би можела да биде монтирана на ракета.
Од друга страна, американскиот републикански конгресмен Даг Ламборн, повикувајќи се на извештај на разузнавачките служби на САД, синоќа изјави дека Северна Кореја има потенцијал да монтирта нуклеарна боева глава на балистичка ракета, но дека се уште целосно не го совладала тој процес.
Во реакција на тврдењето на Ламборн, портпаролот на Пентагон, Џорџ Литл, изјави дека САД сметаат оти Пјонгјанг нема капацитет да истрела балистичка ракета.
– Севернокорејците никогаш не докажаа дека имаат таков капацитет и сметаме дека во моментов и немаат. Неточно е да се тврди дека севернокорејскиот режим целоно го тестирал, совладал или докажал тој тип на нуклеарен капацитет, како што се наведува во извештајот (на американското разузнавање), нагласи портпаролот на Пентагон.
Во врска со случувањата околу Северна Кореја се огласи и доректорот на американското Национално разузнавање, Џејм Клапер, кој оцени дека воинствената реторика на Пјонгјанг е всушност обид на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да ја зајакне својата моќ, а не да предизвика војна.
– Мислам дека негова главна цел е да ја консолидира и да ја зацврсти својата власт, рече Клапер.
Воената реторика и постапките на Пјонгјанг во последно време очигледно се наменети како за домашната, така и за странската публика, додаде тој.
– Но, мислам дека негова цел е пред се да покаже дека има цврска контрола во Северна Кореја, нагласи Клапер.