Сеул го одби предлогот за дијалог со Пјонгјанг

Од:

Јужна Кореја денеска изрази желење поради одбивањето од страна на Северна Кореја на нивната понуда за дијалог, додека јужнокорејските сили се уште се во состојба на готовност во очекување на нова ракетна проба на Пјонгјанг.

– Многу жалиме што Северна Кореја ја отфрли нашата понуда за започнување дијалог, усвоена по многу размислување, изјави портпаролот на министерството за обединување Ким Хунг Сеок.

Јужнокорејската претседателка Парк Геун Хе и министерството за обединување изминатите неколку дена изнесоа предлози за разговори во обид за намалување на воените тензии на Корејскиот полуостров.

Пјонгјанг, сепак брзо ги отфрли ваквите понуди, нарекувајќи ги „празни“ и „итри трикови“ за прикривање на агресивната политика на Сеул.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња