Семејството на убиената малтешка новинарка Дафне Каруана Галиција, која загина во експлозија на бомба поставена под нејзиниот автомобил, вчера поднесе тужба против полицијата, затоа што наводно не обезбедила фер и непристрасна истрага за нејзиното убиство.
Според порталот „политико.еу“, семејството на убиената новинарка тврди дека истрагата не е независна затоа што ја надгледува „предметот на нејзиното известување“.
Заменик-шефот на полицијата Силвио Валета е оженет со една од министерките во Владата на Малта, која Каруана Галиција во своите извештаи ја критикуваше поради потенцијален судир на интереси.